Барди и Трабзонспор успешни кај Ружомберок во квалификациите за ЛЕ

Трабзонспор, тимот на капитенот на македонската репрезентација Енис Барди, направи голем чекор кон пласман во третото квалификациско коло за Лигата на Европа.

Трабзонспор со 0-2 триумфираше на гости кај Ружомберок во првиот меч од втората квалификациска рунда.

Барди одигра 82 минути, а головите за турскиот клуб ги постигнаа Трезеге во првото и Чанак во второто полувреме.

- Оглас -

Најнови вести