Барди ќе биде резерва против Барселона, ќе чека шанса за нов гол против гигантот по четири години

Енис Барди ќе биде резерва за Леванте вечерва против Барселона од 21 часот на „Сиудад де Валенсија“ и ќе чека шанса да влезе во игра во дел од мечот, а можеби и да постигне нов гол против Каталонците по четири години пауза.

Сè уште се памети натпреварот игран на 13 мај 2018 година што заврши со победа на Леванте од 5:4 и на кој блескаше Барди со два гола, заедно со тројниот стрелец Емануел Боатенг, кој веќе не игра за Леванте.

Тогаш и Кутињо даде хет-трик за Барселона, а едeн погодок постигна и Луис Суарес во еден од најубавите мечеви во историјата на Ла Лига.

Вечерва Барди е резерва на натпревар што е исклучително важен за двете екипи. Леванте е претпоследен со 22 бода и не смее да загуби ако сака да остане во битката за опстанок, а гостите од Барселона ќе сакаат да победат за да бидат во конкуренција за второто место.

Моментно Реал Мадрид е лидер со 72 бода пред Севилја со 60, а Барселона е трета со 57 бода, но и два меча помалку од ривалите.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести