Енис Барди вчеравечер на „Камп ноу“ против Барселона одигра десеттина минути за Леванте и ќе биде запишан во историската книга на клубот од Валенсија, како дел од генерацијата фудбалери што го одигра јубилејниот 500-ти меч во Ла Лига.
Барди влезе во игра во 80-тата минута и навреме се рехабилитираше од повредата, поради која пропушти три меча за да биде дел од убавиот јубилеј на својот сегашен клуб. Леванте одигра многу солиден меч, иако загуби од фаворитот Барселона со 2:1 на гостински терен.
Леванте сезонава слави 110-годишнина на клубот, кој е формиран во септември 1909 година.