Барди ќе мора да одмори кога игра најдобро сезонава

Енис Барди собра пет жолти картони и нема да игра во понеделник за Леванте против Реал Сосиедад. Македонскиот репрезентативец „пожолте“ на дуелот со Валјадолид на „Зорилја“ и ќе го прескокне следниот меч во период кога го игра можеби и најдобриот фудбал сезонава.

Барди постигна два гола на последните четири натпревари во Ла Лига и за него се интересираа големи екипи од Топ-5 лигите во Европа.

Неофицијално Арсенал испратил и понуда до Леванте за нашиот репрезентативец, а заинтересирани за ангажман на 24-годишниот играч од средниот ред на Леванте се и Фиорентина, Ајнтрахт и Штутгарт, па сè поизвесно е дека Енис ќе биде главната македонска ѕвезда во летниот преоден рок.

Енис сезонава постигна вкупно 4 гола за Леванте и заедно со Рубен Рочина се трети стрелци во тимот зад Роџер Марти и Борха Мајорал.

 

- Оглас -

Најнови вести