Барди ќе патува два часа до „новиот“ стадион на Леванте

Леванте привремено се сели на Олимпискиот стадион „Камино Кало“ за преостанатите натпревари од сезоната 2019/20 во Ла Лига. Стадионот се наоѓа на 150 километри од Градскиот стадион во Валенсија, па затоа Барди и екипата ќе патуваат до два часа за секоја од шесте преостанати средби на домашен терен.

Дозволата од Ла Лига пристигна денес, а веќе од претходно е најавено продолжување на првенството од средината на јуни. Од сезоната останаа да се доиграат уште 11 кола, Леванте како домаќин ќе игра против Севилја, Реал Бетис, Реал Сосиедад, Атлетико Мадрид, Атлетик Билбао и Хетафе.

- Оглас -

Најнови вести