Барди: Модерниот фудбал не признава фаворити, сѐ мора да се заслужи, а ние сакаме да оствариме уште еден голем сон

Фудбалската репрезентација на Македонија утре (15 часот) на стадионот „Реинпарк“ во Вадуц го стартува новиот квалификациски циклус за СП 2026. Нашиот национален тим е фаворит на дуелот со Лихтенштајн, но капитенот Енис Барди вели дека тоа ќе мора да се потврди и на теренот.


„Нема фаворити во денешниот модерен европски фудбал. Сите заслужуваат респект, а сѐ друго треба да се заслужи на теренот. Ова е нов старт за нас, треба да ја канализираме енергијата, да покажеме максимум и да освоиме три бода. Веруваме дека можеме да направиме многу во овој нов циклус и да го оствариме нашиот сон за нешто големо“, изјави капитенот Енис Барди.


Тој потенцираше дека во овие тешки моменти сите треба да им дадеме поддршка на семејствата на настраданите во огромната трагедија, а фудбалерите тоа ќе го направат со максимална посветеност на теренот и носење гордо на македонскиот дрес.

- Оглас -

Најнови вести