Барди мора да внимава за да не го прескокне Реал Мадрид

Енис Барди ќе игра вечерва за Леванте против Алавес, најавен е како стартер во последниот меч од 23. коло во Ла Лига, но ќе мора да внимава да не добие жолт картон.

Досега има четири, а со следната опомена следува и еден меч суспензија, па во опасност е да не игра против гигантот Реал Мадрид.

Или поточно, ако вечерва добие жолт картон, тогаш ќе мора да го прескокне следниот дуел на Леванте против Селта во Виго и тогаш би играл сигурно против Реал Мадрид на 24. февруари на домашен терен.

Барди е познат како борец што не калкулира, тој е еден од милениците на навивачите на Леванте, токму поради тоа што секогаш дава максимум на терен, па сигурно нема да размислува за тоа дали ќе добие жолт картон, или не, но сепак ќе мора да внимава.

Дуелите против Реал Мадрид имаат посебен шмек, а Барди учествуваше во подвигот на Леванте против најтрофејниот шпански и европски клуб на 20 октомври, лани, кога тимот од Валенсија го нокаутира „кралот“ со сензационален триумф од 2:1 на „Сантијаго Бернабеу“.

- Оглас -

Најнови вести