Барди: „Мотивирани сме кога играме дома, тука не нѐ победија ниту Англија и Италија“

Капитенот на фудбалската репрезентација на Македонија, Енис Барди, е оптимист пред утрешниот меч против Белгија од квалификациите за пласман на Светското првенство 2026.

Вели мотивацијата е посебна кога играш пред својата публика, а во Скопје не успеаја да нѐ победат ниту Англија, ниту Италија.

„Посебна мотивација е кога играме дома. Тука не загубивме од селекции како Англија и Италија, па сигурно ќе се обидеме да бидеме на високо ниво и против Белгија. Да го дадеме максимумот. Имаме квалитетни играчи имаме искуство ги имаме предусловите да направиме нешто. За да се направи нешто мора да се верува, кога играме во нашиот дом посебно сме мотивирани.“ – вели Енис Барди.

- Оглас -

Најнови вести