Барди: На големи натпревари Македонија умее да одигра најдобро

Фудбалската репрезентација на Македонија утревечер (20.5 часот) на стадионот „Паркен“ ќе го игра полуфиналниот бараж-натпревар против Данска за пласман на Светското првенство.

Капитенот Енис Барди порача дека тимот е подготвен за новиот предизвик. Со заеднички дух, максимална борбеност и дисциплина во играта да се оствари големата цел. Елиминација на Данска и пласман во финалниот дуел за СП 2026.

„Македонија на големи натпревари умее да одигра најдобро. Научивме многу од поразот против Велс, но сега пред нас е нов голем предизвик и ќе дадеме сѐ за да ја исполниме целта. Работевме напорно во овие три дена, анализиравме, се подготвувавме и останува утре да истрчаме на теренот и да покажеме што знаеме. Ја чувствуваме поддршката од навивачите, ќе ги има и тука околу 2.000 на стадионот, но и од сите други кои ќе гледаат на телевизиските екрани каде било ширум во светот“, изјави Енис Барди.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести