Трабзонспор загуби дома од Фенербахче со 2-3, а дербито мина без Енис Барди на терен. Капитенот на македонската селекција не е повреден, ниту суспендиран поради жолти картони, но денеска не беше во составот, туку на трибините, во друштво на Црногорецот Стефан Савиќ.
Според турските медиуми, се шпекулира со можна разделба на Барди и Трабзонспор, бидејќи двете страни не може да се договорат околу новиот договор. Барди има договор до јуни и во наредниот период не е исклучено почесто да биде надвор од тимот ако не потпише нов договор.
Фенер до победата дојде со гол на Амрабат во 12-тата минута од судиското продолжение.