Барди најубаво ја виде мајсторијата на Меси (видео)

Барселона има сигурна предност од 2-0 на гостувањето кај Леванте со головите на Лионел Меси и Педри. Капитенот на Каталонците го отвори резултатот со фантастичен волеј во 25-тата минута, на кој наујбаво посведочи македонската ѕвезда Енис Барди.

Лео токму пред членот на Рисовите ја изведе мајсторијата, а овој гол му е 29-ти во сезоната ако се брои само првенствениот учинок.

Доколку тимот на Роналд Куман го сочува водството, односно ги освои трите бода, најмалку до утре ќе стои на лидерската позиција на табелата во Ла Лига со 78 бода, еден повеќе од Атлетико, односно три повеќе од Реал Мадрид.

- Оглас -

Најнови вести