Енис Барди ги израдува сите со негативниот тест на Ковид-19, а не заборави да се заблагодари преку социјалните мрежи за огромната поддршка што ја добиваше деновиве во трка со времето, за да биде подготвен за настап на ЕП.
„Ви благодарам на сите за пораките и поддршката што ми ја дававте деновиве. Се чувствувам одлично и ќе се видиме многу брзо на Европското првенство. Фала уште еднаш на сите“, напиша Барди на Инстаграм.
Еден од нашите фудбалски јунаци мина низ тежок период во последните 6-7 месеци. Поради повреда на играше на клучниот меч во финалето на Д сегментот во Лигата на Нации во Тбилиси, против Грузија.
Македонија победи со 1:0 на најважниот меч што не одведе на ЕП, а Барди при пристигнувањето на подготовките за шампионатот имаше позитивен тест на Ковид-19.
Тој веќе се приклучи на подготовките со останатите репрезентативци и ќе патува за Букурешт на 8. јуни. Пет дена подоцна ја почнуваме историската авантура на првот големо натпреварување со мечот против Австрија.
На 17. јуни ќе играме со Украина, исто така во Букурешт, а четири дена подоцна во Амстердам ќе ги одмериме силите со Холандија.