Откако Енис Барди ја одби понудата од Ди Си Јунајтед од американската МЛС-лига, а можеби ќе нема ништо и од трансфер во Олимпијакос бидејќи желба на македонскиот репрезентативец е да остане во Шпанија, сега се јави шпански прволигаш кој сака да го ангажира Барди.
Станува збор за Елче, па сега Барди има две понуди од шпански прволигаши: од Елче и Алмерија, па до крајот на месецов треба да реши каде ќе ја продолжи кариерата. Останува опцијата да остане во Леванте и да игра во втората шпанска лига, но тоа е малку веројатно.
Елче го доведе Роџер Марти од Леванте, па можеби Барди и Марти и во следната сезона ќе бидат тимски колеги.