Барди почна да тренира, ќе биде во комбинација за настап на „Камп ноу“

Енис Барди пропушти три меча поради повреда, но веќе почна да тренира со соиграчите од Леванте и ќе биде подготвен за настап во недела на „Камп ноу“.

Леванте ѝ гостува на Барселона и мечот ќе се игра од 21 часот, а Барди е подготвен и тоа побрзо од очекувањата. Енис се повреди на мечот со Алавес што Леванте го загуби со 0:1.

И следните два меча клубот од Валенсија ги загуби без македонскиот репрезентативец во составот, па се очекува да има минутажа против Барса во недела на „Камп ноу“, во мечот од 22. коло во Ла Лига.

 

- Оглас -

Најнови вести