12.8 C
Skopje
недела, 21 септември 2025

Барди покажа зошто е капитен: Бомба од 20 метри и Македонија води со 2:0 (Видео)

Одлично игра Македонија во првото полувреме на гости кај Ерменија, а тоа е крунисано со водство од 2:0. По голот на Александар Трајковски за 1:0, сега блесна Енис Барди.

Играчот на Леванте на овој меч првпат стартува со капитенската лента на раката, покажа дека е вистински лидер на теренот и погоди за удвојување на водството на Македонија. Барди погоди со шут од 20-тина метри, кој беше неодбранлив за голманот на Ерменија.

 

- Оглас -

Најнови вести