-3.2 C
Skopje
четврток, 15 јануари 2026

Барди: Поразот од Велс ни ја гори душата, но ние никогаш не се предаваме!

Македонската фудбалска репрезентација за противник во полуфиналето од баражите за СП 2026 ја доби селекцијата на Данска.

Полуфиналето ќе го играме на гостински терен на 26 март, а доколку приредиме изненадување, во финалето на баражот (31 март) исто така ќе бидеме гости против победникот од дуелот меѓу Чешка и Ирска.

Капитенот Енис Барди се огласи на социјалните мрежи, посочувајќи дека поразот од Велс (7-1) ја гори душата, но „тоа треба да нѐ запали, а не да нѐ изгасне“.

 
 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by BARDHI (@enisbardhi10)

„Тежок пораз, оној што ти ја гори душата! Велс нè удри силно. Болка, разочарување… Но, ова не е крај! Сè уште сме во плејофот во март и сè уште сме живи. Овој пораз треба да нè запали, а не да нè изгасне. Да се вратиме погладни, поагресивни, поцврсти! Ние никогаш не се предаваме“, напиша капитенот Барди на социјалните мрежи.

Натпреварот од полуфиналниот европски бараж меѓу Данска и Македонија ќе се одигра на 26 март во Копенхаген.

- Оглас -

Најнови вести