Барди: По ЕП се очекуваат големи работи од нас, но треба трпение

Плејмејкерот Енис Барди ќе биде предводник на средниот ред на македонската репрезентација на утрешното гостување кај Ерменија и вели дека мотивацијата е на високо ниво и дека не сака да се присетува на претходниот дуел во Ереван пред три години, кога Македонија загуби со 0-4.

„Ние сме фокусирани на нашата работа и како треба ние да играме. Секоја репрезентација има и добри и слаби страни, треба да знаеме што бараме. Мечот е многу важен за двата тима, треба да бидеме заедно како никогаш досега и тоа е клучно. По пласманот на Европско првенство, сите очекуваат само големи работи, но треба да гледаме меч по меч, треба да бидеме трпеливи. Направивме добри работи, веќе не играме за 4-5 место во групата. Долго време сме заедно, сите сме свесни што нè очекува. Претходното гостување тука не треба ни да се анализира, утре е сосема нов меч, силно сме мотивирани, но ќе треба да влеземе во мечот со ладни глави“, изјави Барди.

- Оглас -

Најнови вести