Барди после победата над Фенербахче: Многу сме среќни, ќе се бориме за титулата!

Трабзонспор го доби дербито на турската Супер лига против Фенербахче со 2-0, и сега актуелниот турски првак повторно е во сериозна трка за одбрана на титулата. Во моментов лидер е Фенер со 27 бода, Галатасарај има 26 и еден меч помалку, а Трабзон е на 24.

Македонскиот репрезентативец Енис Барди, кој влезе во игра во 76-та минута, изјави дека неговиот тим ќе се бори за врвот.

„Премногу сме среќни што го добивме овој многу важен натпревар. На секој меч одиме на победа, целта ни е да бидеме на врвот. Знаеме дека битката за титула ќе биде тешка, секогаш е потешко да се одбрани отколку да се освои титула, но бидете сигурни дека ние ќе се бориме“ – рече Барди кој има 4 гола во дресот на Трабзонспор, а на половината мечеви беше стартер, додека на другите половина резерва.

- Оглас -

Најнови вести