Капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Енис Барди, ќе ја продолжи кариерата во Турција. По заминувањето од Бодрумспор, 30-годишниот играч потпиша двегодишен договор со Коњаспор. Тој ќе ја носи „десетката“ на Коњаспор.

Барди пристигна како слободен агент, а според турските извори, неговата годишна плата ќе изнесува околу еден милион евра.
Во својата кариера, Барди настапуваше за тимови како Преспа Бирлик, Ујпешт, Леванте и Трабзонспор, а Коњаспор ќе биде негов трет клуб од турската лига. Последната сезона ја помина во редовите на Бодрумспор, каде беше еден од клучните играчи.
10'un adı, Bardhi! 😎 pic.twitter.com/XMBbnkRvMZ
— TÜMOSAN Konyaspor (@konyaspor) July 12, 2025