Македонскиот репрезентативец Енис Барди откако е член на Леванте, во шпанската лига има дадено 21 гол, а една третина од нив, вкупно седум, се од прекини.
По шест мајсторски погодоци од слободни удари, вечерва дојде редот да погоди и од белата точка. И тоа не против кого било, туку против Атлетико Мадрид, на чиј гол стои Јан Облак.
Барди без проблем го совлада еден од најдобрите светски голмани, шутна на една, а Словенецот тргна на другата страна. По утките на Роџер Марти и Хосе Моралес, сега Леванте има нов пеналџиски адут, се надеваме на подолг период. Вечерва Барди покажа дека знае, и тоа како, да шутира пенали без да се плаши дека голманот може да му одбрани.