Барди „пукаше“ од сите страни, но Куртоа е несовладлив (видео)

Реал Мадрид среќно ги освои трите бода на гостувањето кај Леванте со 2-0. Победата ја донесоа Винисиус јуниор во 16-тата минута, односно ја потврди Карим Бензема во последните моменти од мечот, поставувајќи ги конечните 2-0.

Домаќините цело второ полувреме притискаа за израмнување и беа многу блиску да го остварат токму македонскиот репрезентативец Енис Барди.

Нашата ѕвезда од средниот ред имаше три убави шанси да ја затресе мрежата на Кралевите за прв овосезонски гол во Ла Лига, но неговите обиди ги скроти расположениот Куртоа.

https://twitter.com/SportsferaMx/status/1312760113749426176

По четири одиграни средби, Реал застана на врвот во Ла Лига со 10 бода, Леванте го претрпе третиот овосезонски пораз и остана при дното на табелата со само три бода на 18-тото место.

- Оглас -

Најнови вести