Енис Барди и неговите соиграчи продолжија со тренинзи како подготовка за рестартирањето на Ла Лига, предвидена за 11 или 12 јуни, но клубот веќе има проблеми со повреди.
Токму во првата група играчи, во која тренира и македонскиот репрезентативец, се случија две повреди на соиграчите. Прв од редовите испадна Никола Вукчевиќ, кој се повреди во понеделникот, а од денеска во аут е и Португалецот Хернани.
Тренерот Пако Лопес го подели ростерот на Леванте во две групи фудбалери кои тренираат одвоено, а поради повредите, приклучи и дел од младинците.
Леванте го очекува рестартирањето на сезоната во шпанското првенство кое би требало да се случи на 11 или на 12 јуни.
Клубот за којшто игра Барди до паузата поради пандемијата со корона-вирусот е на 13-тото место со 33 бода во конкуренција на 20 клубови.
До крајот на сезоната треба да се одиграат уште 11 кола во едно од Топ-5 првенствата во Европа.