Енис Барди се приклучи на подготовките на Леванте во пресрет на новата сезона. Македонскиот репрезентативец заврши со одморот по својот настап на Европското првенство, а од клубот му посакаа добредојде на повеќе јазици, меѓу кои и македонскиот и албанскиот.
На твитер-објавата пишува „добредојде Барди“, на шпански, каталонски, англиски, македонски и албански јазик, како посебен пречек за „десетката“ на Леванте.
Барди и дружината сезоната во Ла Лига ја отвораат на 14 август со гостување кај Кадис во првото коло.
https://twitter.com/LevanteUD/status/1416297979787546625