Барди се раздели со Бодрумспор, најблиску е до трансфер во Ризеспор

Македонскиот репрезентативен капитен, Енис Барди, официјално е слободен играч откако клубот Бодрум му се заблагодари за придонесот. Барди пристигна од Трабзон во јануарскиот преоден рок, но по шест месеци го напушта клубот, откако Бодрум испадна во Втората лига на турскиот фудбал.

Во моментов, турски и шпански клубови се заинтересирани за неговиот потпис, а Барди се подготвува за нова средина.

„Му се заблагодаруваме на Барди, чиј договор истече, и му посакуваме многу успех во понатамошната кариера“, стои во официјалното соопштение на Бодрум.

Ризеспор е клубот од елитата на Турција што во моментов е најзаинтересиран за ангажман на македонскиот репрезентативец.

- Оглас -

Најнови вести