Барди се враќа во погон – „Санчес Писхуан“ и октомври се тамам за крај на едногодишниот пост

Енис Барди е подготвен за настап за Леванте на гостувањето на „Санчес Писхуан“ во Севилја откако ја санира повредата поради која не беше во комбинација на три меча во Ла Лига, а не играше ниту против Словенија и Полска за македонската репрезентација.

Ако ја добие довербата од тренерот Пако Лопес, во недела, од 21 часот против еден од најдобрите шпански тимови ќе го има првиот настап во октомври, месецот во кој лани го постигна последниот гол од слободен удар.

Тоа се случи на дуелот со Хетафе на 6 октомври, или пред малку повеќе од една година откако трае постот. Барди е познат по магичните изведби на слободните удари, кои го рангираа во врвот на светскиот фудбал во тој елемент.

Особено беше импресивен во првата сезона што ја играше за Леванте, а неговите слободни удари ја воодушевуваа публиката во Шпанија и особено ги радуваа навивачите на клубот за кој ја игра третата сезона.

Сега повредата е минато, а „Санчес Писхуан“ и октомври се таман за прекин на едногодишниот пост на македонскиот репрезентативец.

 

- Оглас -

Најнови вести