Капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Енис Барди, го раскина договорот со екипата на Трабзонспор, пренесуваат медиумите во Турција. Во последните неколку месеци Барди го загуби местото во тимот и едноставно не беше во плановите на тренерот, па оваа одлука за заминување е повеќе од очекувана.
Барди сега е слободен играч и може да си одбере нов клуб, а веќе има шпекулации каде би можело да замине. Освен претходно познатите најави дека турските Башакшехир и Ејупспор би сакале да го видат во своите редови, сега има најава за можно враќање на Барди во Шпанија.
Екипите на Рајо Валјекано и Еспањол се заинтересирани за Барди, кој има искуство со играње во најсилната лига во Шпанија, кога со успех го носеше дресот на Леванте. Рајо Валјекано сезонава игра одлично и моментно е на деветтото место на табелата, додека Еспањол освои само 16 бода во 19 меча и е на 18-тата позиција, која носи испаѓање од елитното друштво.