Енис Барди е еден од најзаслужните фудбалери за тоа што Македонија денеска игра против Грузија во меч кој може да донесе пласман на Европско првенство. Играчот од средниот ред, пристигна на подготовките во Скопје, но за жал се здоби со незгодна повреда и наместо во Тбилиси, мораше да се врати во Валенсија.
На два часа до почетокот на најважниот меч на македонската репрезентација, Барди преку својот Инстаграм профил упати порака до своите соиграчи.
„До овде стигнавме затоа што го заслуживме, уште еден чекор пред големиот сон за сите нас! Нема да можам да сум на терен со вас, но ке навивам до крај и ке ве поддржам во секоја секунда на утакмица, поддржете се еден со друг и ќе ја добиеме уште ова. Ајде момциии сите сме со вас брака!“, напиша Барди.