Енис Барди со погодок против Рајо Валјекано се чекираше за нова сезона со Леванте во Ла Лига, секако ако остане во клубот од Валенсија. Леванте го победи Рајо Валјекано со 4:1, а Барди со погодок во 91. минута ја запечати победата и бодовите за опстанок во шпанското првенство.
https://www.youtube.com/watch?v=pkbOYdEJX6g
Поразот на гостите значи и одјавување на голманот Столе Димитриевски од најсилната шпанска лига, но за него има надеж, бидејќи се интересираат клубови кои играат во Ла Лига, пред се Валенсија.
Хозе Кампања беше човекот на одлука, постигна еден гол, водечкиот за Леванте, а потоа му асистираше на Рубен Везо за 2:0.
Во второто полувреме со голот на Гарсија, Рајо Валјекано намали, но потоа беше исклучен Ембарба. Во финишот Џејсон постигна нов гол за домаќините, потоа погоди и Барди за многу важна победа и бодови во битката за опстанок.
Барди го одигра целиот меч за Леванте, а Димитриевски остана на клупата за резерви, откако во финишот на сезоната Пако Хемес одлучи прв голман да биде Алберто Гарсија.
Леванте по денешната победа има 40 бодови, пет повеќе од Валјадолид, девет од Рајо Валјекано и 10 од Уеска, но има и меч повеќе.