23.8 C
Skopje
среда, 23 јули 2025

Барди со гол учествуваше во големиот пресврт на Трабзонспор (Видео)

Капитенот на македонската репрезентација, Енис Барди, имаше голем придонес во победата со пресврт на неговиот Трабзонспор од 4:2 над Газиантеп во 34-тото коло во турскиот шампионат.

Газиантеп ги шокира домашните фудбалери постигнувајќи два гола во првото полувреме преку Сореску и Драгуш, но во вториот дел Трабзонспор направи голем пресврт, постигна четири гола за победа, а еден од нив беше дело на Барди.

Кај домашниот тим блескаше Паул Онуачи кој постигна хет-трик, а Барди беше стрелец на вториот гол за Трабзонспор во 65-тата минута.

- Оглас -

Најнови вести