Победата на Леванте на гости кај петтолигашот Мелиља со убедливи 8:0 во Купот на Шпанија, во декември 2021 година, е под знакот за можен наместен дуел, пренесуваат шпанските медиуми.
Анонимна жалба до Ла Лига го вклучи алармот за наводно местење на натпреварот од Купот на Шпанија. Во првото коло од минатата сезона, Леванте победи убедливо со 8:0, а на полувреме гостите водеа со 4:0. Во стартниот тим на овој меч во тимот на Леванте беше и македонскиот репрезентативец Енис Барди, но тој не се запиша во листата на стрелците.
Вкупно шестмина биле посочени како осомничени, а уапсен бил и еден поранешен играч на Мелила. Од Леванте преку соопштение демантираат дека имаат некаква врска со наместен дуел, чиј мотив бил добивање парични средства преку обложување, а тоа го направија и од шпанскиот нисколигаш.
Comunicado oficial #LevanteUDhttps://t.co/CgLt61pbDE
— Levante UD 🐸 (@LevanteUD) February 23, 2023
Еве ги головите од посочениот меч: