Енис Барди одигра одличен меч за Леванте против Валенсија и се радува на победа од 1:0 во градското дерби. Одлуката „падна“ рано во 18. минута, а победничкиот гол го постигна Роџер Марти по асистенцијата на Рубен Рочина.
Барди го одигра целиот меч и беше меѓу најдобрите поединци на теренот, па сега со соиграчите можат да се надеваат и на пласман во квалификациите за Европа Лигата.
Леванте е на осмото место со 35 бода, 7 помалку од Бетис, екипа што е на шестото место и на позиција што води во еврокуповите.
Валенсија остана на 12 позиција со 30 бода.