Македонската фудбалска репрезентација попладнево го одработи и последниот тренинг пред патот во Романија на Европското првенство. На денешниот тренинг, националниот тим беше комплетен, што е најважно. Последен се приклучи Енис Барди, кому му заврши периодот на изолација откако на последниот тест беше негативен на корона-вирусот.
Утре следува слободен ден за репрезентацијата и нема да има тренинг, а во вторник националниот тим ќе патува за Букурешт, каде што ќе има пет дена пред првиот историски меч на Европското првенство против Австрија на 13 јуни.