Енис Барди е на списокот со Топ-10 фудбалери во шпанската Ла Лига на кои им завршува договорот во 2022 година, а веќе има интерес за македонскиот репрезентативец од клубови од Топ-5 лигите во Европа.
Прв на листата е англиски Лидс, кој бара замена за профил на играч каков што е Енис од заминувањето на Пабло Ернандес.
Барди пристигна во шпанската лига во 2017 година, кога потпиша за Леванте и остави значен белег.
Игра извонредно и веќе е во друштво на легендите на клубот, а неговите голови од слободен удар станаа и заштитен знак на Ла Лига.
Лидс најавува дека ќе се обиде да го ангажира Барди и ако тоа се случи, идната година Македонија повторно ќе има најмалку еден фудбалер во Премиер лигата, и тоа во клуб за кој до ланското првенство играше Езџан Алиоски.
Квалитетите на Барди најдобро ги познаваат шпанските клубови, се најавуваше дека може да остане во истиот град, но како член на Валенсија, па останува да се види каде ќе замине нашиот репрезентативец во 2022 година или можеби ќе го продолжи договорот со Леванте.