Барди возел во Шпанија со неисправни документи, „поршето“ привремено му е одземено

Енис Барди возел во Шпанија со неисправни документи и е под истрага за загрозување на сообраќајот и за можно фалсификување на возачката дозвола.

Нашиот репрезантативец бил сопрен во рутинска контрола од полицијата во Валенсија, а веднаш му е одземен автомобилот „порше панамера“ привремено и ќе биде поведена истрага против него.

На едниот од документите недостасувала потребната маркица, а полицијата сега испитува дали има и фалсификат на документот.

Барди ќе биде казнет за загрозување на сообраќајот, што е полесен вид прекршок, а поопасната варијанта е ако има фалсификувана возачка дозвола.

- Оглас -

Најнови вести