Тренерот Шенол Ѓунеш на втор натпревар по ред го изостави Енис Барди од составот на Трабзонспор, а тимот повторно претрпе пораз.
Барди последен пат играше на 26-ти октомври кога Трабзонспор загуби од Гезтепе.
Капитенот на македонската репрезентација не е повреден, тренира нормално, но исто како и во претходното коло на дербито со Фенербахче, и денеска против Ризеспор не беше во составот. Трабзон денеска загуби со 1-3, па има три порази по ред.
Се зборува дека причината поради која Барди не игра е всушност „воспитна мерка“ од клубот, затоа што уште не го продолжува договорот.