Барди за 69 минути игра доби жолт картон, и нема да игра во Билбао

Леванте и Еибар одиграа 2-2 во меч од шпанската лига на кој македонскиот репрезентативец Енис Барди, одигра 69 минути, а во финишот на првото полувреме доби жолт картон. За Барди ова е петти картон сезонава, и тоа значи суспензија, па македонскиот играч нема да има право да настапи во следното коло, кога Леванте ќе гостува кај Атлетик во Билбао.

Барди во минатата сезона во Билбао даде два гола од слободни удари и штета што нема да се појави на неговиот омилен гостински терен, каде се прослави. Кај Билбао ќе го нема голманот Кепа Аризабалага кој имаше кошмари од Барди, па „побегна“ од шпанската лига и се пресели во Челзи.

Есеноска овие екипи во Еибар одиграа феноменални 4-4, а овојпат двата тима дадоа двојно помалку голови. Леванте водеше со 1-0 и 2-1, но не успеваше да ја задржи предноста. Леванте и Еибар меѓусебе имаат одиграно 31 официјални натпревари, а 16, што е повеќе од половина, завршиле нерешено. На тимот на Барди му претстои битка за опстанок, во моментов има четири бода плус во однос на Селта која е трета од долу.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

1 КОМЕНТАР

  1. Napadot I sredinata na levante se dobri no odbranata ako be ja podobrat loso I’m she pisuva

Коментарите се затворени.

- Оглас -

Најнови вести