Барела ќе остане во Интер до 2029 година

Италијанскиот првак Интер објави дека официјално ја продолжил соработката со Николо Барела до 2029 година. Италијанскиот репрезентативец и во наредните пет години ќе остане на „Џузепе Меаца“.

„Интер може да соопшти дека постигна согласност за продолжување на договорот на Николо Барела, фудбалерот од средниот се обврза кон Нероаѕурите до јуни 2029“, објави италијанскиот шампион.

Според италијанските медиуми, годишната плата на Барела ќе биде 6,5 милиони евра, а со бонуси може да достигне и до 8 милиони евра. Со ова тој ќе биде најплатениот Италијанец во Серија А.

- Оглас -

Најнови вести