Барела: Во финалето нема да решава тактиката, туку срцето

Пари Сен Жермен никогаш во клупската историја не бил европски првак, но според квотите кои се даваат за денешното финале против Интер, францускиот клуб е на добар пат да испише историски момент. Сепак, Интер е тим кој покажа дека одлично игра и не се предава и кога е во улога на аутсајдер, па на патот до финалето ги елиминираше фацоризираните Барселона и Баерн Минхен.

Сега, редот на Интер е да се обиде да го победи и ПСЖ. Николо Барела е еден главните играчи во тимот на Нераѕурите, а тој смета дека најважно за ваквите дуели е екипата да одигра „со срце“.

„Тактиката има значење и влијание до одредена мера, но на крајот многу ќе биде потребно да се одигра со срце. Прекрасен е споменот од голот на Фратези против Баерн Минхен. Тоа беше фантастично. Сезонава победивме некои од најдобрите екипи во Европа како што се Барселона и Баерн Минхен“, вели Барела.

Пред само два месеци Интер се бореше за тројна круна, но сега екипата е во опасност да остане без ниту еден пехар.

„Тоа е фудбалот. Треба да знаеш да се исправиш на нозе, веднаш откако ќе паднеш. Во последните неколку години често го правиме тоа. Многумина од нас имаат искуство со играње во финале и едноставно треба да уживаме во тоа. Истотака знаеме дека тактиката е важна, но на крајот, најважно од се е да се игра со срце. Ќе дадеме се од себе“ вели Барела, кој додава дека секој меч започнува со 50-50 шанси за двата тима да победат, а со играта на теренот се покажува кој ќе стигне до трофејот.

- Оглас -

Најнови вести