1536 Естрела – Порто (20.15 часот)
По двата почетни порази, Естрела во наредните две кола освои четири бода. На сите четири меча на Естрела паѓаа од еден до три гола. Порто има 10 бода, киксира во минатото коло, а даде седум гола на четири меча. Кај Порто повредени се Пепе и Грујиќ. Овие два клуба одамна не се сретнале меѓу себе, последен пат во 2009 во Купот, кога Естрела победи сензационално со 2-1, а на последните пет гостувања на Порто кај Естрела секогаш имало 3+ голови.
Предлог тип: 2 & 1+ I&1+II (1.92)
1801 Баерн – Б. Леверкузен (20.30 часот)
Баварците и Фармацевтите одлично ја почнаа сезоната, тоа се единствените тимови во Бундеслигата со по максимални три победи од три кола, па ова е големо дерби во колото. На мечевите на двата тима паѓаа три или повеќе голови, а Баер на сите три меча даваше барем три гола. Во минатата сезона Баерн дома го разби Баер со 4-0, последната победа на Леверкузен на „Алијанц арена“ беше во 2019.
Предлог тип: ГГ и 4+ (2.11)
1701 ПСЖ – Ница (21.00 часот)
Враќањето на Мбапе во тимот на ПСЖ значеше и поефикасна игра и победи за тимот, а добриот ритам привремено им беше прекинат со репрезентативната пауза. Светците имаат прилика за нова победа. Ница не знае за пораз сезонава, а во три од четирите меча во француската лига одигра нерешено. Во четирите средби Ница прими само два гола, а ПСЖ даде осум. Кај домашните ќе го нема Асенсио, Мбапе е неизвесен.
Предлог тип: 1 & 2>1 (2.35)
1301 Рајо В. – Алавес (21.00 часот)
Ова е дуел на два тима кои имаат еднаков број бодови и уште немаат нерешен резултат сезонава во шпанската лига. Неизвесен е настапот на Димитриевски за Рајо, нашиот голман се повреди против Италија, па не бранеше ни на гостувањето кај Малта. Последните три меѓусебни дуели на овие екипи завршуваа со 0-2 гола. Типуваме победа на домашните. Последната гостинска победа на Алавес беше во април, кога беа второлигаши.
Предлог тип: 1 (2.00)
1012 Саутхемптон – Лестер (21.00 часот)
Светците и Лисиците посакуваат враќање во Премиер лигата, но во минатото коло двата тима претрпеа порази, па сега треба да се вадат во тежок меѓусебен дуел. Саутхемптон во петте кола во Чемпионшип сезонава прими дури 12 гола, од кои пет во минатото коло. Лестер има примено само четири гола, но не се ни многу ефикасни, дадоа вкупно 7. Во минатата сезона во Премиер лигата Лестер двапати загуби од Саутхемтпон, на „Сент Мери“ беше 1-0 за домашните. Не толку одамна, во 2019 година, Лестер на овој стадион победи со огромни 9-0.
Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (2.05)