Легендарниот Чарлс Баркли ја прокоментира повредата на Леброн Џејмс на почетокот на новата сезона во НБА и, во својот препознатлив стил, кратко и јасно изјави: „Тој е едноставно стар“.
Лејброн Џејмс сè уште не дебитирал за Лос Анџелес лејкерс во сезоната 2025/26 поради проблеми со ишијасот, а медицинскиот тим на клубот соопшти дека „залечувањето на повредата се одвива во добра насока“.
Сепак, со 40 години и во својата 22-ра НБА-сезона, јасно е дека времето полека си го зема данокот на еден од најголемите играчи во историјата.
Баркли, познат по своите остри коментари, без двоумење го кажа своето мислење за време на гостувањето во емисијата The Dan Patrick Show.
„Тој е едноставно стар. Сите старееме. Вели дека е ишијас, знаеш што значи тоа, Дан? Го боли грбот“, рече Баркли со насмевка.
„Сите стари луѓе имаат болки во грбот, Дан. Сите стари луѓе. Можеш тоа да го наречеш ишијас или некој друг медицински термин, но фактот е еден – Леброн е веќе стар“.
За време на кариерата, Џејмс успеа да избегне сериозни повреди благодарение на врвната физичка подготовка и професионализам, но почетокот на оваа сезона покажува дека дури ни најголемите не можат да го сопрат времето. ЛА Лејкерс сè уште се надеваат дека нивниот лидер наскоро ќе се врати, но зборовите на Баркли јасно потсетуваат – Леброн веќе не е непобедлив.

