Баркли удри по размазените НБА-ѕвезди: Не работите во фабрика за да пропуштате натпревари, а добивате по 40,50 милиони долари годишно

Легендарниот НБА-кошаркар Чарлс Баркли повторно ја критикуваше одлуката на екипите во регуларниот дел од сезоната често да ги одмораат своите најдобри играчи.

Во регуларниот дел од сезоната, секоја екипа во НБА-лигата игра по 82 натпревара за шест месеци, а честопати екипите знаат да им дадат одмор на своите најдобри играчи, но Баркли смета дека е непочитување кон спортот, навивачите и противникот.

„Не може да заработувате по 30,40,50 милиони долари по сезона и да пропуштате натпревари ако не сте повредени. Тоа е знак на непочитување кон навивачите кои издвојуваат дел од заработените пари за да ги гледаат НБА-ѕвездите. Сега имаме играчи кои земаат и по 70 милиони долари годишно, имаат толку многу пари и не можат да играат 3-4 натпревари неделно. Патувате со приватни летови и имате најдобра медицинска нега. Не работите во фабрика. Знам дека работниците во фабрика се уморни, но мораат секој ден да се појават на работа“, изјави Баркли.

- Оглас -

Најнови вести