Баркли за инцидентот на Ембид и Таунс: Немаше никаква тепачка, само се гушкаа!

Немилиот настан кој се случи за време на натпреварот од НБА-лигата помеѓу Филаделфија и Минесота, по кој учесниците во инцидентот Карл Ентони Таунс и Џоел Ембид беа суспендирани со по два меча неиграње, според легендата Чарлс Баркли, бил многу „надуван“ и всушност немало никаква тепачка.

„Дебелкото“, кој најголем дел од кариерата играше за Филаделфија и Феникс, а заврши во Хјустон, не беше импресиониран од боречките вештини на ѕвездите.

„Тие само се прегрнуваа. Немаше никакви удари. Како можете ова да го наречете тепачка кога немаше удари?“, се прашува Баркли, кој додека играше, честопати влегуваше во конфронтација со противнички играчи.

- Оглас -

Најнови вести