Пари Сен Жермен дојде до третата победа по три кола сезонава во француската лига, откако вечерва славеше во Лил со 3-1.
Бредли Баркола продолжи со својата голгетерска серија и веќе има четири погодоци на три меча сезонава.
Светците во првите три кола постигнаа дури 13 голови што покажува дека немаат проблем со реализацијата иако летово останаа без првиот стрелец Килијан Мбапе.