1091 Питерборо – Манчестер сити (ФА куп, Англија, 20.15 часот)
Питерборо е апсолутен аутсајдер против шампионот на Англија, иако во ФА купот често има изненадувања.
Разликата меѓу двата клуба е еден ранг на натпреварување, но во квалитет е повеќе класи во полза на гостите.
Питерборо има црна серија од пет порази и само едно реми, па е без триумф од победата во претходната рунда во ФА купот, кога го елиминираа Квинс парк ренџерс.
Манчестер сити бие битка за одбрана на шампионската круна, но и пехар во ФА купот значи многу, а во Англија има доста фудбалски експерти што велат дека е позначаен и од титулата во Премиер лигата.
Предлог тип: 2-2&3+ (1.47)
1881 Унион Берлин – Сент Паули (ДФБ покал, Германија, 20,45 часот)
Двете екипи имаат одлична сезона досега, Унион Берлин во Бундеслигата и Сент Паули во популарната Цвајта, или Втора германска лига.
Унион бие битка за втор настап во европските купови едноподруго, а голема шанса има и во популарниот ДФБ покал, каде што веќе нема изразити фаворити, откако се елиминирани Баерн и Борусија Дортмунд, но и уште неколку силни екипи.
Токму Сент Паули е екипата што приреди сензација во минатата рунда и со победа од 2:1 ја елиминира Борусија Дортмунд.
Имаа и жестока битка пред себе за влез во Бундеслигата, но нема да се предадат денеска во Берлин.
Унион има поквалитетен тим, но во Германскиот куп имаше многу изненадувања сезонава и не очекува голема битка во првото четртфинале.
Предлог тип: ГГ (1.64)
1172 Мидлсбро – Тотенхем (ФА куп, Англија, 20.55 часот)
Тотенхем пред две години, по голема битка, го елиминира Мидлсбро во два меча во ФА купот на Англија, а и сега е фаворит.
Овојпат Мидлсбро ќе има значајна предност бидејќи ќе игра на свој терен во нокаут-меч, па победникот ќе игра во четвртфиналето на националниот куп на Англија.
Стадионот „Риверсајд“ во Мидлсбро е незгоден терен за гостување, а тоа второлигашот го потврди и сезонава.
Имаат пет победи по ред во Чемпионшип лигата на својот терен и се третата најдобра домашна екипа.
Патем, Мидлсборо веќе елиминира еден гигант во ФА купот откако во претходното коло на пенали славеше на „Олд Трафорд“ против Манчестер јунајтед.
Тотенхем знае да киксне кога не се очекува и ќе има мака да го елиминира Мидлсборо.
Предлог тип: Х (3.75)
1731 Ница – Версај (Француски куп, 21 часот)
Четвртолигашот Версај е најубавата приказна во Францускиот куп и веќе стигнаа до полуфиналето, па во нокаут-меч ќе се обидат да приредат уште една сензација што ги води до историја и меч за пехар.
Клубот и официјално е дел од фудбалската академија на Француската фудбалска федерација и се покажува како одличен проект.
Ница е голем фаворит, моментно се третопласирани во Лига 1 во Франција и имаат шанса и за настап во Лигата на шампионите, но ова им е мечот на сезоната досега.
Имаат три куп-титули во Франција, а го очекуваат и петтото финале.
Ница го елиминира и ланскиот освојувач на куп-пехарот, ПСЖ, и типуваме дека тие ќе патуваат за Париз и ќе играат на „Стад де Франс“, во финалето закажано за 8 мај.
Предлог тип: 1 (1.30)
3031 Милан – Интер (Копа Италија, 21 часот)
Милан ќе сака реванш за ланската елиминација од Интер во четвртфиналето на Копа Италија, тогаш само во еден меч.
Сега е малку поинаку и се играат два натпревари, а и влогот е поголем, се игра за пласман во финалето.
Двете екипи бијат жестока битка на два фронта и имаат шанси и за пехар во Купот и за шампионската круна.
Милан пред неполн месец го победи Интер, условно како гостин, бидејќи двата тима играат на ист стадион. Тоа во возбудлива завршница на Калчото им носи предност бидејќи во случај на еднаков број бодови, Милан би бил првак со победа и реми во меѓусебните дуели.
Росонерите се во добра серија од шест меча без пораз, но имаат доста кадровски проблеми.
Интер е без победа на четири меча по ред и типуваме дека со нерешен резултат ќе ја продолжи серијата без триумф.
Предлог тип: Х (3.40)