1417 Еспањол – Рајо Валјекано (Ла Лига, Шпанија, 19 часот)
Со црна серија од 13 меча без победа, Рајо Валјекано се доведе во ситуација од кандидат за Европа, да стравува за опстанок во Ла Лига.
Тимот за којшто брани Столе Димитриевски има само четири бода предност пред Гранада и по 9 од Леванте и Алавес, екипи кои се најзагрозени.
Клубот од Мадрид нема прволигашка победа во 2022 година, а можеби само фактот што имаат два меча помалку од ривалите ги става во подобра позиција од ривалите во битката за опстанок.
Денеска не смеат да загубат од Еспањол, кој е на средина од табелата и бодовите не му значат премногу.
Предлог тип: Х (3.05)
1418 Леванте – Севилја (Ла Лига, Шпанија, 19 часот)
Лани во првиот меч од оваа сезона двете екипи одиграа извонредно и имаше дури 8 гола, а победи Севилја со 5:3.
Сега значењето на натпреварот е огромно и за Леванте, кој се бори за опстанок и мора да оди на победа и за Севилја, екипа што е на четвртото место и сака да го одбрани за да игра во Лигата на шампионите.
Енис Барди не играше за Леванте во претходното коло, но сега може да биде и стартер бидејќи домаќините имаат многу маки со повредите.
Марти, Де Фрутос, Клерк, Касерес и Мустафи нема да играат, но Леванте нема избор.
И Севилја се мачи со повреди и ќе игра без Марсијал, Рекик, Сусо и Реџис, а можно е да не настапат и Ракитиќ и Кунде.
Мечот е од огромно значење и се очекува голема битка со малку голови.
Предлог тип: Х2&0-3 (1.75)
1008 Барнли – Саутхемптон (Премиер лига, Англија, 20.45 часот)
Барнли има добар распоред до крајот на шампионатот и само еден меч против екипите што бијат битка за настап во еврокуповите.
Тоа е Тотенхем, а сè останато е или ривали за опстанок или екипи што не можат ниту да испаднат, ниту да се борат за настап во еврокуповите.
Голем проблем за домаќините ќе биде тешката повреда на Вествуд, кој ја скрши ногата во претходното коло. Кај Барнли има уште двајца играчи, Питерс и Ми, кои исто така веројатно нема да играат, па одбраната ќе им биде ослабена.
Саутхемптон го изненади Арсенал во минатото коло и прекина серија од шест меча без триумф.
Светците доаѓаат на „Трф Мур“ без императив, но типуваме дека нема да победат на меч со најмалку два гола.
Предлог тип: 1Х&2+ (1.98)
1422 Кадис – Атлетик Билбао (Ла Лига, Шпанија, 20 часот)
Играчите на Кадис одиграа херојски меч на „Камп ноу“ и ја победија Барселона со 1:0, па сезонава, за чудо, не примија гол на гости кај двата гиганти, откако и на „Сантијаго Бернабеу“ против Реал ја сочуваа мрежата со реми без голови.
Тоа им дава посебен поттик да издржат докрај во битката за опстанок, а секој меч сега веќе им е во рангот на квалификациски.
Атлетик Билбао разочара со пораз дома од Селта и шансите за настап во Европа се исчезнати.
Баските сега ќе играат без посебен товар до крајот на шампионатот и иако се поквалитетни од Кадис, ќе типуваме дека нема да победат на „Мирандилја“.
Предлог тип: 1Х (1.53)
1423 Реал Сосиедад – Барселона (Ла Лига, Шпанија, 21.30 часот)
Барселона има импресивна серија од 14 меча без порз во дуелите со Реал Сосиедад и е кошмарен ривал за тимот од Сан Себастијан.
Последен пат во сите натпреварувања Реал Сосиедад ја победи Барселона на „Аноета“ точно пред шест години.
Сега немаат избор ако сакаат да останат во битка за настап во Лигата на шампионите идната сезона и им треба триумф против Каталонците.
Барса и покрај сензационалниот пораз од Кадис, сè уште е во добра позиција да биде вицешампион на Шпанија, но денеска не смее да загуби.
На последните два меча, Барселона му даде вкупно 10 гола на Реал Сосиедад, прими три, а дуелите на овие две екипи редовно завршуваат со многу голови.
Предлог тип: 4+ (3.00)