Барнли блеска со холивудските презентации – Воодушевија со Чурлинов, сега се истакнаа и со засилувањето од Белгија (Видео)

Англскиот второлигаш Барнли блеска со оригиналните идеи за презентација на новите играчи, а сето тоа изгледа и технолошки многу свежо и оригинално.

Популарните Кларетс се надминаа со презентацијата на нашиот репрезентативец Дарко Чурлинов пред нешто повеќе од пет месеци.

Сега имаа поинаков концепт со анимиран филм, а го преставија новото засилување Амен Ал-Дакхил од белгиски Сент Трајден.

Ал-Дакхил е одбранбен играч и младински репрезентативец на Белгија во селекцијата до 21 година, а е роден во Ирак.

Барнли по 26 кола, или нешто повеќе од половина првенство во Чемпионшип во Англија е лидер на табелата со 56 бода, пет повеќе од Шефилд јунајтед и дури 14 од Блекбурн, па е на сигурен пат да биде меѓу двете најдобропласирани екипи што ќе се пробијат во елитната Премиер лига.

 

- Оглас -

Најнови вести