Барнли е стара школа, со почетниот состав ги собра симпатиите на сите љубители на класичниот фудбал

Екипата на Барнли попладнево загуби од Ливерпул, но ги собра симпатиите на љубителите на фудбалот, особено оние повозрасните, поради бројките на почетниот состав. Барнли на „Енфилд“ се појави со играчи со дресови со броевите од 1 до 11, што е класика во фудбалот, но поради маркетингот и слично, реткост во последно време.

Има податок дека дури 22 години во Премиерлигата не е видено вакво нешто. Последен англиски тим кој на првенствен меч тргнал со броеви од 1 до 11, бил Чарлтон. Од 1995 година, дозволени се броеви од 1 до 99, па многу ретко екипите играат со својата прва 11-ка.

- Оглас -

Најнови вести