Барнли испадна од Премиер лигата, најверојатно и Лутон, Њукасл на сите мечеви дома даде гол

После резултатите во англиската Премиер лига на мечевите кои се играа попладнево, и јасно е дека Барнли се враќа во Чемпионшип, а најверојатно истата судбина го чека и Лутон кој на едно коло до крајот има три бода помалку од Нотингам форест, кој има и меч помалку, па уште вечерва може и теоретски Лутон да испадна од елитното друштво.

Делумна причина за задоволство имаат во Њукасл, кој одигра 1-1 со Брајтон, и ќе се бори за излез на европска сцена. Да победеа, Чавките ќе беа многу блиску до обезбедување на шестото место, вака ќе чекаат киксеви на Челзи и Манчестер јунајтед. Њукасл за првпат во својата историја даде гол на сите 19 домашни натпревари во една премиерлигашка сезона.

Шефилд јунајтед кој постави негативен рекорд по број на примени голови во една сезона, успеа на сите 19 гостувања сезонава да прими барем по еден гол.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести