Барнли ќе остане без победа во Премиер лигата

1003 Барнли – Кристал палас (18.30 часот)

Барнли е најнеефикасен тим во Премиер лигата, на седум меча постигнаа само три гола и немаат ниту една победа. Веќе четири кола по ред немаат дадено гол. Од друга страна, Кристал палас игра подобро, во горната половина на табелата е, во претходното коло даде 4 гола против Лидс, што е една третина од нивниот голгетерски биланс по осум настапи. Барнли од јуни не знае за победа на свој терен, а и традицијата е на страната на Палас, кој ги доби последните две гостувања (мечеви во 2019 година) кај Барнли, и тоа со по два гола разлика.

Предлог тип: Х2 & 2+ (2.07)

 

1007 Вулверхемптон – Саутхемптон (21.00 часот)

Саутхемптон е едно од најпријатните изненадувања сезонава, имаат серија од три победи по ред во Премиер лигата, во последните пет меча редовно даваат барем два гола и ако победат, ќе дојдат на бод од Тотенхем. Волците најчесто играат неефикасни мечеви, пет кола по ред имаат 0-2 гола, ја имаат една од најдобрите одбрани, но и нападот не им е ефикасен. Неиграњето на Ингс е хендикеп за гостите.

Предлог тип: ГГ (1.96)

 

1310 Атлетик Билбао – Бетис (21.00 часот)

Ова е дуел на единствените две екипи во Шпанија кои сезонава немаат ниту еден нерешен резултат. За тие што бркаат прекинување на серии, ова е идеален пар да се типува „икс“. Двата тима имаат проблеми со повредени играчи, особено Бетис. Баскијците дома не загубиле од Бетис од 2012 година, на свој терен редовно го победуваат тимот од Севилја. Бетис на последните три гостувања на „Сан Мамеш“ нема дадено гол, а сезонава одбраната им е лоша.

Предлог тип: 1 (2.15)

 

2834 Галатасарај – Кајсериспор (17.30 часот)

Галата фати ритам, има низа од три минимални победи по ред, нема причина зошто да не го совладаат и Кајсериспор, кој има четири порази во последните пет кола во турската Суперлига. Ова се два тима кои сезонава многу ретко играат нерешено (заедно имаат само едно реми). Последните три меча на Галатасарај и Кајсериспор во Истанбул завршуваа со убедливи победи на домашните, но и гостите даваа по еден гол.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.76)

 

1929 Арау – Грасхоперс (20.00 часот)

Скакулците се први на табелата и триумф над Арау за нив ќе значи чекор поблиску до враќање во Суперлигата на Швајцарија. Кризата на Грасхоперс е оставена зад нив, по двата порази по ред, освоија седум бода во три кола. Арау во последните три меча имаше по една победа, пораз и нерешено. Грасхоперс од 2014 година наваму не загубил на гостување кај Арау, веруваме дека традицијата на нивни добри резултати ќе продолжи.

Предлог тип: 2 (2.25)

 

Квоти на денот во обложувалниците Sport Life се:

Барнли – Кристал Палас Х2 & 2-4 (2.50)

Вулверхемптон – Саутхемптон 1-3 I & 1-3 II (2.25)

Атлетик Билбао – Бетис Т1 2+ & ГГ (3.50)

- Оглас -

Најнови вести