Македонскиот фудбалски репрезентативец Дарко Чурлинов, како и на претходните летни контроли, повторно не беше ниту меѓу резервите на Барнли, ниту на денешниот пријателски меч со Лацио.
Римските Орли победија со 1-0, а утнаа и пенал.
Чурлинов не е во плановите на тренерот Скот Паркер за претстојната сезона, нема други објаснување за неговото отсуство, па до крајот на месецов Дарко ќе треба да си најде нова клупска средина во која би играл како позајмен или да направи трансфер. Минатата сезона Чурлинов играше за Јагјелонија во Полска. За Барнли потпиша во 2022, ,но има одиграно само седум меча за популарните Кларети.